Полицијата во Скопје, во рамки на засилените акциски контроли, вчера изрече 130 мерки, меѓу кои 101 за возење повеќе од дозволената брзина, пет за возење под дејство на алкохол, како и две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.