PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

132 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Mar 18, 2022
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 38 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ