PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

150 санкционирани возачи во Скопје, 58 за брзо возење

Jul 23, 2022

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ