PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

196 санкционирани возачи во Скопје, 70 за брзо возење

Aug 29, 2022

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ