PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

207 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 104 за недавање предност на пешаци

Jan 28, 2022

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 104 санкции, возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се две мерки за возач почетник, осум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 14 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ