3 витамини кои му се најпотребни на нашиот организам напролет: Го зајакнуваат имунитетот и штитат од разни болести

Иако температурата овие денови стигнува и до нулата, факт е дека пролетта нѝ „тропа на врата“, а по долгата зима и обилните оброци, на нашето тело му се потребни нутриенти кои ќе го нахранат организмот и ќе му обезбедат правилно функционирање.

А тука се поставува прашањето: кои витамини е најважно да ги земаме напролет и во кои намирници се наоѓаат истите?

Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен за имунитетот, крвните садови како и за одржување на младешкиот изглед и еластичноста на кожата. Во текот на зимата и почетокот на пролетта обично го нема доволно во исхраната бидејќи сè уште нема сезонско свежо овошје и зеленчук. А во цитрусите го нема во доволна количина бидејќи увезеното овошје се бере кога сè уште не е доволно зрело, па содржи мала количина на аскорбинска киселина.

Освен тоа, во текот на складирањето и транспортот губат значајна количина од витаминот. Затоа најдобар избор на овој витамин се киселата зелка и смрзнатите бобинки.

За да ја задоволите дневната потреба за витамин Ц, доволно е секој ден да јадете 150-200 грама кисела зелка. Оваа намирница исто така содржи пребиотички компоненти како диететски влакна, млечна киселина кои помагаат во оптимално функционирање на цревата и помага во зајакнување на имунитетот.

Одличен избор на витамин Ц се и смрзнатите бобинки, како на пример црвените и црните рибизли.

Витамин А

По зимата, на телото му се навистина потребни витамини растворливи во масти, особено витамин А. Помага во одржување на состојбата на кожата и имунитетот. Прекурзорот (соединение кое учествува во хемиска реакција со која се произведува некое друго соединение) на витамин А – каротеноидот, го има во изобилство во морковот, тиквите и пиперките.

Но, не е доволно само да внесувате овошје и зеленчук. Витамин А има во голема количина и во црниот дроб од бакалар – во 100 гр. има 4 пати повеќе од препорачаната дневна доза. Оптималниот дневен внес изнесува 25 грама дневно.

Витамин Б

Витамините од групата Б помагаат во смирување на нервите, обновување на кожата и поттикнување на менталните активности. Повеќето витамини од групата Б се наоѓа во говедскиот џигер. Оваа намирница е всушност витаминска бомба бидејќи содржината на некои витамини Б во неа достигнува 100 отсто од препорачаната дневна доза.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...