Градот Скопје денеска ја одбележува 60-годишнината од разорниот земјотрес кој однесе животи на 1.070 граѓани. Во оваа прилика, првиот вицепремиер Артан Груби на својата официјална веб-страница напиша дека ова трагично искуство го претвори Скопје во епицентар на светската солидарност, со што се оживеаја нови надежи за живот.
Целосна објава:
Скопје пред 60 години ја доживеа една од најголемите трагедии во својата историја, катастрофалниот земјотрес кој им ги одзема животите на 1.070 граѓани и остави без покрив над глава околу 200.000 жители.
Овој трагичен настан го направи Скопје епицентар на светската солидарност за над болката и урнатините да се издигне уште посилен и со нова надеж за живот.
Нека биде вечен споменот за изгубените животи и нека послужи како патоказ тоа човечко единство што му даде сила на издигнувањето.