65-та владина седница – ова се новите одлуки

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

На седницата се донесени повеќе одлуки, меѓу кои Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

Владата, на предлог на Министерството за образование, одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот.

Владата донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили  на територијата на Република Северна Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи и да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, со седиште во Сивас.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...