„Ја видовме силата на Македонија, знам дека ќе ни биде многу тешко во Скопје“

Романија врза две победи овој месец за да дојде на третото место со девет бода, еден за Ерменија, а три зад новиот лидер Германија, па со огромна самодоверба и победнички дух доаѓаат во Скопје на третата пресметка во овие мундијалски септемвриски квалификации, во меч кој ѝ за двата тима може да биде еден од клучните во трката барем за второто место во групата кое води во баражот за пласман на СП.

Бидејќи Ерменија игра со Лихтенштајн во Ереван во среда, бодовите од пресметката во Скопје и тоа како ќе бидат многу важни и за двете селекции за еден од ривалите да не избега дополнително на табелата пред завршницата со по два меча во октомври и ноември и затоа како за Македонија, така и за Романија оваа пресметка е исклучително важна.

Романците најавуваат дека доаѓаат по победа, со која би направиле уште еден чекор поблизу до второто место, иако сите се свесни дека против Макеоднија воопшто нема да им биде лесно.

„Оваа пресметка што нѐ чека со Македонија, знам дека ќе биде најтешка од овие две што ги имавме досега, со Романија (2-0) и со Лихтенштајн (2-0). Ја видовме Македонија во првото полувреме на Исланд и одиграа импресивно, тотална контрола на теренот, фудбалери кои се многу добро технички потковани, кои во секој момент може да ја дестабилизираат противничката одбрана. Но, ќе видиме допрва во кои делови се најранливи за да ги искористиме. Проблем е што времето е кратко, нема многу простор за одмор, но тоа е што е“, вели селекторот на Романија, Мирел Радои.

Алин Тошца го даде првиот од двата гола со кои Романија набрзина дојде до победа со Лихтенштајн, па сѐ друго беше само штедење на силите за пресметката со Македонија. И двете победи влеваат многу голема самодоверба кај Романците, кои на стартот на овие квалификации нѐ победија во Букурешт со 3-2.

„Полни сме со ентузијазам и самодоверба и тоа ќе ни биде многу голема предност против Македонците, зашто ни треба таа позитивна енергија, но мора да имаме на ум дека нѐ чека екипа која е многу добро избалансирана и дека единствено може да стигнеме до победа само ако комплетно ги послушаме сите совети од селекторот. Мора да имаме најдобар можен пристап и да дадеме сѐ од себе. Бобан (Николов – н.з.) е мој многу добар пријател, но нема да сме во контакт пред мечот, не сакам да разговарам со противниците, а после него – може да се смееме и да се забавуваме“, вели Тошца.

Еден од најголемите адути на Романија е Јанис Хаџи, синот на легендарниот Георге Хаџи и човекот што нѐ расплака во март, откако го даде голот за победа на четири минути пред крајот на мечот, после нашиот кам-бек за две минути да дојдеме на чекор до бод.

„Сакам победа во Македонија, зашто потоа октомври ќе ни биде решавачки месец. Знам дека ќе ни биде многу комплицирано во Скопје, нѐ чека многу тешко гостување, а и лош терен, но ќе мора да победиме“, посочи Хаџи.

Македонија вчера прокоцка два гола предност и од Исланд освои само бод, пропуштајќи шанса во моментов наместо четврти да бидеме второпласирани на табелата.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...