Абрамович прави нов дриблинг со Челси, не сака да отпише долг од 1,6 милијарда фунти


Доколку до крајот на овој месец, поточно до 31 мај, сѐ уште актуелниот европски фудбалски шампион Челси не им биде продаден на нови сопственици, може да наиде на многу големи проблеми. Неколку дена откако американската инвестициска банка „Рајне“, посредникот за преземање на клубот, објави дека првиот избран понудувач за имотот е американскиот претприемач Тод Боели, почнаа проблемите.

Актуелниот сопственик, рускиот милијардер Роман Абрамович, според извори блиски до него, направил радикален пресврт и сега веќе не сака да отпише 1,6 милијарда фунти долг колку што има Челси како клуб кон него како физичко лице или инвеститор. Во почетните фази на руско-украинската криза, поради која беше принуден да продава, Роман Абрамович постојано нагласуваше дека ќе ги отпише тие пари, а британската влада му нареди да го стори тоа.

Премиерот Борис Џонсон експлицитно го забрани збогатувањето на Русите на територијата на таа земја и лично се залагаше тој да го надгледува процесот на продажба на Челси, во кој Абрамович не може да заработи ниту денар. Но, се чини дека работите радикално се менуваат.

Британскиот весник „Тајмс“ објави дека сегашните членови на управниот одбор на Челси минатата недела ја информирале владата дека сакаат да го реструктуираат начинот на кој се одвива процесот на продажба на клубот. Конкретно, менаџментот бара префрлање на спорните 1,6 милијарда фунти од Fordstam, сопственост на Роман Абрамович, на сметката на Camberley International Investments, чија сопственичка структура е во голема мера непозната.

За сето ова сѐ уште никој не проговорил од луѓе блиски до Абрамович, исто како и некој од врвот на британскиот политички врв, па останува да видиме кој ќе ја преземе сопственоста на клубот и како ќе функционира Челси во иднина. Британската влада му дозволи на Челси да работи под посебни услови до 31 мај оваа година кога му истекува лиценцата за работа со Англиската фудбалска асоцијација. Доколку работите дотогаш не се решат, односно ако рускиот капитал не е далеку од клубот, неговиот опстанок би можел сериозно да биде доведен во прашање.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...