Адел го напушти интервјуто зошто новинарот не го преслушал нејзиниот албум


Адел го напушти ексклузивното интервју откако австралискиот новинар призна дека не го слушал нејзиниот нов албум „30.“ Новинарот Мет Доран и снимателската екипа пристигнале на интервју во Лондон, а за тоа наводно платиле милион долари.

Во текот на разговорот Доран признал дека слушал само една песна од албумот, а Адел веднаш решила да го прекине интервјуто.

Доран објасни дека не го видел мејлот во кој му бил доставен албумот. Многумина се прашуваат како успеал да направи таква грешка. Новинарот Питер Форд напиша дека оваа ситуација е прилично непријатна, но дека Доран инаку е личност која секогаш ги извршува своите задачи.

Сепак, некои го критикуваа.

Писателката Тарла Ламберт изјави дека има илјадници квалификувани новинари кои би направиле се за да бидат на позицијата на Доран и дека овој „скандал“ е идеален пример за тоа како некој ја искористува привилегијата.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...