PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Адеми: Сите во Собрание треба да бидеме конструктивни за развој на државата

Jan 26, 2022

Во едно ексклузивно интервју за Indeks.mk координаторот на пратеничката група на ДУИ, г-дин Арбер Адеми зборува за работата на Собранието, улогата на опозицијата и политичките случувања во земјата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Indeks.mk: Собранието ја избра Владата со 62 гласа пред една недела. Дали е стабилно новото парламентарно мнозинство?

Адеми: Секако дека парламентарното мнозинство е стабилно, како што сме кажале и претходно. Тенденциите се за проширување, јакнење, зајакнување на парламентарното мнозинство бидејќи ова мнозинство има јасна, прозападна ориентација, про европските и евроатланските вредности, така што нема пратеници кои би се построиле против ваквата стратешка определба. Затоа ова парламентарно мнозинство и оваа Влада која ја има максималната поддршка од мнозинството пратеници во Собранието е стабилна и е максимално фокусирана на имплементација на сите политики, мерки и проекти кои ја соочинуваат владината програма која е консолидирана програма, амбициозна програма и една програма која има јасна визија каде ќе не води како држава и како општество.

Indeks.mk: Дали ќе се одблокира работата на Собранието и како ја гледате улогата на опозицијата во Собрание?

Адеми: Сигурно дека во последно време не се соочуваме со блокада на работата на Собранието. Јас секогаш сум ги повикувал политичките сили застапени во Собранието да бидат конструктивни и да дадат свој вреден придонес во насока на развојот на државата, постигнувањето на највисоките стандарди. Очекувам во наредниот период да продолжи конструктивноста на сите политички сили, особено за оние закони, одлуки, кои се во најдобар интерес на земјата, се во интерес на општеството, бидејќи од друга страна, деструктивниот пристап, блокирањето на работата на Собранието, разните опструкции, не им одеа во прилог на актерите кои практикуваа вакви дејствија, преземаа вакви акции и не поминаа добро на првиот тест пред граѓаните. Затоа е потребно сите политички сили да ја играат својата конструктивна улога, без оглед на тоа дали се во позиција или во опозиција  водени од интересите на граѓаните.

Indeks.mk: Вие побаравте да бидете делегат на Конгресот на Алијанса за Албанците и ја коментиравте неодговорноста на Зијадин Села за повлекување по сериските порази на избори. Дали добивте членска карта?

Адеми: Вистина е дека побарав да бидам делегат на Конгресот на Алијансата за Албанците и точно е дека реков дека доколку ми се даде таква можност, не со едната туку со двете раце ќе гласам за Зијадин Села да биде реизбран за претседател на Алијансата и да ја води оваа партија кон нови порази, цинично се разбира дека би помислил така, но прагматично сум навистина заинтересиран да има здрава опозиција, опозиција коректор на власта. Oва е здраво за демократијата, за политичкиот живот, но и за самите политики што се креираат. Значи, многу повеќе би сакал да има опозиција која навистина би била вистински конкурент на Демократската Унија за Интеграција иако ја претставувам оваа партија, затоа што на тој начин мислам дека ќе придонесеме за доброто на граѓаните.

https://youtu.be/COn32p9mKEI

https://fb.watch/aNanlAgnYQ/

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ