Џафери на Работилница за демократија во Виена

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во рамки на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти во Виена во Австрија учествуваше на Работилницата за демократија на Австрискиот парламент, каде одговараше на прашања од младите учесници поврзани со значењето на демократијата и парламентаризмот.

На Работилницата учествуваа австриски ученици од билингвални училишта, на возраст од 13 до 15 години. -Претседателот Џафери одговараше на прашања од младите учесници, кои се интересираа за неговото мислење за значењето на демократијата и парламентаризмот, предностите и слабостите на демократијата, вклученоста на младите во политиката и слично, соопштија од Собранието.

Претседателот Џафери нагласил дека демократијата претставува владеење на граѓаните и владеење на правото, што им дава слобода на индивидуите да мислат, да се изразуваат и да делуваат. Демократијата, исто така, преставува способност да се слушне различното мислење на другиот.

Работилниците за демократија успешно функционираат во Австрискиот парламент од 2007 година, со цел за стимулирање на интересот за политика и за демократските процеси кај децата и младите луѓе.
-Преку овие работилници, на децата и младите им се дава можност директно да се запознаат со улогата на Парламентот, парламентарните процеси и секојдневната работа на пратениците. Со учеството во работилниците, кај децата и младите се поттикнува свеста за демократијата, се охрабрува нивното политичко критичко размислување, вклученост и изразување на сопственото мислење, а се подобрува и медиумската писменост, се наведува во соопштението на Собранието.

Инаку, лани во март претседателите на двата парламенти, Џафери и Соботка, потпишаа писмо за намери за основање на работилници за демократија во Собранието на Република Македонија, по примерот на оние кои функционираат во Австрискиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...