Џафери: Прерано е за коментар за уставни измени и референдум, нема подготовки за предвремени избори

Пратеник не смее да излезе на говорница додека не добие збор, таа песна нема никој да ја пее! Ако некој почнал јавно да ме навредува на лична основа, што сум јас таму? Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. И јас имам праг на толеранција, мора да сметаат на мојот карактер. Имам и семејство, деца и внуци, вели Џафери.

Прерано е да ги коментирам најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите на кој се осврна за досегашната работа на Собранието, од почетокот на мандатот.

Наспроти обвинувањата на опозицијата дека нема кворум за нови, а се закажуваат веќе започнати седници, Собранието е функционално. Два закони – законот за прекршоци и законот за следење на комуникациите не се донесени и за нив е потребно двотретинско мнозинство, рече Џафери.

За тоа тоа што околу 80 точки не се разгледани, тој смета дека се виновни претседателите на комисиите бидејќи не закажуваат седници.

– Нека се изјаснат дали седниците не ги закажуваат поради партиски или политички одлуки, запраша Џафери.

Џафери се осврна на однесувањето на пратениците и неприсуството на седници, а најави и дека е можно донесување нов деловник за работа.

– Пратеник не смее да излезе на говорница додека не добие збор, таа песна нема никој да ја пее! Ако некој почнал јавно да ме навредува на лична основа, што сум јас таму? Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. И јас имам праг на толеранција, мора да сметаат на мојот карактер. Имам и семејство, деца и внуци, вели Џафери.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги остават настрана партиските прашања, дека не може да бараат пауза, а да не се присутни во собраниската сала.

Спикерот Џафери денеска изјави и дека не се подготвува за предвремени избори.

– Кој сака, нека поднесе предлог за распуштање на Собранието. Да ја  потсетам опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки, 100 дена пред вакви избори се потребни за техничка Влада и тој услов беше даден од сегашната опозиција со Договорот од Пржино, нагласи Џафери.

Во врска со тоа што од седниците редовно отсуствуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, Џафери одговори дека тие се најредовни во Собранието кога се гласа. А отсуството на Ахмети од седниците, рече Џафери, е поради партиски активности, како лидер на партија.

Пратениците одат на одмор од 3 август, по празникот Илинден, а со активности ќе продолжат од 29 август, кога ќе се одржуваат продолженија на незавршени седници и седници  на комисии. Првата  редовна седница ќе биде закажана на 13 септември.

Одржани се 83 пленарни седници во овој мандат, од кои 52 се завршени, а 29 седници не. На 83 седници имало 973 точки на дневен ред, а не биле разгледани 80, бидејќи претседателите на комисиите не свикуваат седници.

 

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...