Претседателот на Собранието, Талат Џафери во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека седницата за уставни измени е свикана и почнува на 18 август.
Според него, дебатата може да трае 10 дена.
„Има една единствена точка на дневен ред. За вакви седници бесмислено е да се дополнува и да има други точки на дневен ред“, порача Џафери.