PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Џафери: Со консензус да се донесе новиот деловник за да не се блокира работата на Собранието

Nov 8, 2022

Во отсуство на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеник од Левица, во Собранието заседаваше работната група за Жан Моне процесот за подготовка на нов собраниски Деловник. Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека интенција е со консензус да се донесе нов собраниски Деловник за во иднина да не се блокира работата на Парламентот. Тој додаде дека состанокот се одржал бидејќи не можел во недоглед да чека потврда од опозицијата и да ја одложува средбата. Тој го демантира шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека не биле информирани за тајмингот на состанокот. Претходно Мицевски изјави дека нема да одат на средбата, бидејќи не биле консултирани и му порача на Џафери деканов Деловник без учество на опозицијата ќе биде некредибилен.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-На денешната средба не беа од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Ја разгледувавме процедурата за закони кои се носат во редовна постапка и предлозите на присутните беа во насока роковите кои се пропишани да се допрецизираат, односно во кој рок треба да заврши работа на работните тела и алтернатива, што во случај ако комисите не ја завршат работата. Не може пленумот да зависи од работата на работните тела. Предлозите се во насока да се надмине ситуацијата пленумот да зависи од работните тела. Ова што го разговаравме ќе биде доставено до опозицијата, ќе бидат прашани за предлози. Не е идејата да се одбегне учеството на опозицијата – рече Џафери.

Тој посочи дека интенцијата е да се донесе нов деловник на Собранието, а не да се допрецизира постоечкиот.

-Интенцијата е да се има консензуално решение базирано на досегашното искуство. Гледаме дека има попречување на работата на Собранието. Интенцијата е Собранието да биде функционално. Ако продолжиме со воспставената пракса тоа нема да служи никому.. Интенцијата на новиот Деловник е да не може да се блокира и забави работата на Собранието – рече Џафери.

Тој потсети дека првата средба од Жан Моне процесот за нов деловник се оддржала на 1 март 2021 година, втората на 15 март истата година, а третата на 7 и 8 мај 2022 година.

-Ова е четврта средба и беше закажана претходно. Но со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ најави дека има партиски активности, средбата беше презакажана за денеска и за тоа беа информирамни сите пратенички групи и координатори. Од непознати причини за мене ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни на средбата – изјави претседателот на Собранието.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ