Агелер: Коридорот 8, голем проект не само за Северна Македонија туку и за САД

Apr 4, 2023

Денеска во Тетово беше поставен камен-темелникот на Коридорот 8. На оваа свечена церемонија присуствуваа: Премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директор на ЈПДП „Државни патишта Ејуп Рустеми, амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер како и шефот на инфраструктурниот сектор на Бехтел, Шон Кени.

May be an image of 11 people, people standing and outdoors

„Голем проект не само за Северна Македонија туку и за САД“, рече Ангела Агелер – амбасадорката на САД во Скопје во својот говор на церемонијата на поставување камен-темелникот на Коридорот 8. „Развоен проект од особено значење. Посакувам многу успех на компанијата “Бехтел и Енка” која ќе го гради овој проект, придонесувате за подобар живот на граѓаните како и за економијата на земјата и регионот. Благодарам“, истакна амбасадорката Агелер во својот говор пред присутните.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ