PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Јагуриновски поради семејни причини замина од исландскиот Тор

May 1, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Еурофарм Пелистер има огромна шанса да му ја одземе шампионската круна на долгогодишниот првак Вардар. Ракометна треска владее во Битола каде вечерва (19 часот) во салата „Боро Чурлевски“ ќе се игра големото дерби меѓу двата ракометни ривали во Суперлигата. Билетите беа распродадени за петнаесетина минути, „Чкембари“ подготвуваат фешта, а и „Комити“ ќе бидат во Битола да ги бодрат „црвено-црните“.

Вардарци се во незавидна ситуација, мораат да го победат Еурофарм Пелистер на гости доколку сакаат да го одбранат тронот.

„Подготвени сме за предизвикот“, најавуваат од таборот на Вардар.

Еурофарм Пелистер долго ја чека оваа шанса, а Гоце Ојлески се надева дека неговиот тим ќе слави победа.

„Влогот секако е голем, кој ќе победи ја освојува шампионската титула. Се надевам дека Битола ќе се радува“, порачува Ојлески.

Во претходниот натпревар во Скопје Еурофарм Пелистер славеше со 24:23 и така битолчани се ставија во подобра позиција од Вардар пред овој дуел.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ