Ахмети од Шипковица: Бројот 3 и ДУИ ги обединува тетовчани

Демократската Унија за Интеграција на синоќешниот митинг во Шипковица општина Тетово ја продолжи предизборната кампања каде се претстави кандидатката за градоначалничка Теута Арифи, листата на кандидати за советници предводена од Блерим Османи и програмата за новиот четиригодишен мандат. На жителите на Шипковица им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатката за градоначалник Теута Арифи и носителот на листата за советници Блерим Османи.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети во својот говор рече дека Теута Арифи ќе ја има целата поддршка на неговата партија за време на новиот четири годишен мандат и со цел продолжување на развојот на Тетово.

„Колку сме поблиски едни до други, толку сме посилни и со локалното население и со меѓународната заедница. Самo што ја претставивме зелената агенда, после два дена ме има контактирано претставникот на Обединетите Нации кој побара состанок овде во Северна Македонија, разговаравме два часа за зелената агенда и без двоумење ми кажа 183 милиони долари имаме одвоено за оваа агенда. Ние процесите ги водиме напред. Агендата пред вас е победничка агенда која е добра за сите нас но и за генерациите што ќе дојдат после нас “, рече пред жителите на Шипковица, претседателот на ДУИ Ахмети.

Нема проект што сме го ветиле и не сме го реализирале, нема пат што не е асфалтиран, нема проект што Теута го ветува и не е реализиран, кажа Груби на синоќешниот митинг во Шипковица.

„Да бидам искрен, се чувствувам многу удобно. Првпат држам говор пред жителите на оваа област. Имам посебни емоции затоа што секогаш ги чувствував тетовската околина како столб не само на ДУИ, туку и на сите Албанци, како идентитетски код на ДУИ и затоа ми е чест што сум тука пред вас да побарам поддршка за Теута, и не се сомневам во нашата победата во сите општини од Липково до Струга затоа што имаме најдобра понуда, бидејќи сите работи кои ги ветуваме, и ги реализираме. Нема проект што сме го ветиле и не сме го реализирале, нема пат што не е асфалтиран, нема проект што Теута го ветува и нема да го реализира, затоа што сите ние стоиме зад неа,  затоа што Теута е наша“, истакна Артан Груби пред жителите на Шипковица.

Осум години по ред имавме добри но и тешки денови, но во овој период се обидовме да го направиме најдоброто за вас, рече меѓу другите г-ѓа. Теута Арифи.

“Тетово е град на знаењето, град на знаењето и промените стари со векови и промената по која чекоревме сите ние заедно. Направивме уште една промена, само што го отворивме првата градинка во оваа населба, целта беше децата да го добијат потребното образование. 8 години имавме добри и тешки денови, но во овој период се обидовме да го направиме најдоброто за вас. Ве поканувам да ја направите промената на 17-ти октомври, за да покажете дека ние сме тие што ја имаме силата и самите ги правиме промените. Мандатот го сакам од вас, а не од пазарењата, за подобар живот “, кажа кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи.

Демократската Унија за Интеграција, денеска ќе ја продолжи предизборната кампања со митинг што ќе се одржи во општина Боговиње, каде ќе се претстави кандидатот за градоначалник и листата на кандидати за советници.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...