Ахмети оствари средба со амбасадорот Гарсија: Шпанија дава целосна поддршка за членството во ЕУ

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, г-дин Хозе Луис Лозано Гарсија изразувајќи подготвеност за блиска соработка и посакувајќи му успех во новиот ангажман.

На средбата, пофалено е долгогодишното пријателство и билатералните односи меѓу двете земји, како и отворената волја за натамошно продлабочување на соработката во интеграциите, но и на полето на економијата, трговијата итн.

Тема на дискусија во овој состанок беа и последните политички случувања во земјава како и преговорите за спорот со Република Бугарија.

Во однос на Изборниот Законик, Ахмети смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен бидејќи за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата и дека како прашање треба да се постави на расправа во Собранието.

Тема на разговор меѓу двајцата соговорници беше и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите и со овој дух на почитување на правосудниот систем и со оваа иницијатива што ја покрена ДУИ се стреми кон дополнително проширување со единствена цел да се постигне кредибилноста на фигурите во сите сфери на животот, бидејќи секој што сака да врши јавна функција мора да го помине процесот на ветингот.

Ахмети и Гарсија заклучија дека изборите не се решение во моментов, бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Република Северна Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството.

За време на разговорот, Ахмети го запозна шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акциониот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

Двајцата соговорници, Ахмети и Гарсија, заклучија дека соработката меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шпанија треба да продолжи во духот на разбирањето, а поддршката за земјата на патот кон евроинтеграциите не треба да запре додека конечната цел не биде постигната.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...