Ахмети оствари средба со делегацијата на „Коалицијата на Албанците“ од Прешевo, Медвеѓа и Бујановац

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со делегација од Прешевo, Медвеѓа и Бујановац, односно со претставници на Партијата за Демократска Акција, Демократската Партија и Движењето за Демократски Напредок, предводена од Шаип Камбери, носител на листата на „Коалицијата на Албанците“ кој учествува на парламентарните и претседателските избори на 3 април во Србија.
„Обезбедувањето на целосните права на Албанците во Прешевo, Медвече и Бујановце не ја загрозува српската држава и неопходно е официјален Белград да размисли за тоа“, рече Ахмети, нагласувајќи дека во моментов Србија, но и целиот регион не треба да ги повторува грешките од минатото.

Шаип Камбери, пак потсети дека српските власти не ги спроведуваат трите договори потпишани години наназад, со посредство на ОБСЕ за унапредување на статусот на Албанците, кои се поврзани со остварувањето на правата во сите области, особено за еднаквост и интеграција во сите нивоа на власта на локално ниво бидејќи, како што рече тој, само така може да се стави крај на нивната дискриминација по етничка основа.

Лидерот на ДУИ, подвлекувајќи ја неопходноста од соработка на сите политичките сили, ја поддржа заложбата на трите парти од Прешевo, Медвеѓа и Бујановац дека во преговорите Косово-Србија треба да се вклучи и прашањето на Прешевската долина (општините Прешевo, Медвеѓа и Бујановац) односно реципроцитетот да се постави на преговарачка маса: Колку Права за Србите во Косово толку и за Албанците во Прешево, Бујановац и Медвеѓа.

На средбата се разговараше и за случувањата во регионот со посебен акцент на настаните во Украина како резултат на руската агресија.

ТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...