PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ахмети се сретна со амбасадорот Вуцас: Австрија ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија

May 6, 2022

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес се сретна со амбасадорот на Република Австрија, г. Георг Вуцас.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На средбата беше изразена силната поддршка на Република Австрија за европските перспективи на Република Северна Македонија, додека се поздрави и новата динамика на преговорите меѓу Скопје и Софија за изнаоѓање заедничка точка до финализирање на еден конечен договор и добивање на датум за одржување на првата меѓувладина конференција.

Ахмети истотака му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за пријателската поддршка што австриската држава и ја дава на нашата земја на сите можни области, како стратешко-економски партнери укажувајќи дека билатералните односи меѓу Скопје и Виена треба да се продлабочат и дополнително да се унапредуваат.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ