PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ахмети: Со работа и инвестиции државата се движи кон развојот

Sep 16, 2021

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), г. Али Ахмети денеска ја посети компанијата “One Cable“ во индустриската зона на Сарај, каде e направена инвестиција од

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

3 милиони евра, една голема перспектива за граѓаните за развој на земјата и намалување на невработеноста.

Пред присутните се обрати и претседателот Ахмети, кој истакна дека се обидуваме да создадеме позитина национална и меѓународна клима за инвестирање, за во оваа земја да има перспектива.

“Со инвестиции во работа сигурно дека и семејството и државата се движат кон развој кон развој и немање на незадоволство и судири, ние сме се обиделе како коалиционен партнер да создадеме услови за домашните инвеститори на прво место, бидејќи тие се членови на нашето заедничко семејство, ние сме се обиделе да создадеме национална и меѓународна клима затоа што има перспектива во оваа земја“, рече лидерот на ДУИ, Ахмети.

Во оваа земја работите одат кон подобро, рече Ахмети, додавајќи дека ние инвестиравме и инвестираме за владеење на правото, работевме и работиме за нашата земја што поскоро да биде дел од Европската Унија, работевме и работиме за унапредување на стандардите за ние да бидеме држава во која луѓето имаат силна волја за живот.

„Ова е наша определба, ние се обидуваме да создадеме услови за сите инвеститори, вклучително и за странците, бидејќи една работотно место повеќе кај нас, ве уверувам затоа што го чувствувам тоа на моја кожа, јас имам еден проблем помалку,  Зоран Заев две проблеми проблеми, бидејќи само со отворање перспективи, нови работни места можеме да одиме напред. Уште еднаш ви посакувам на вас инвеститорите успеси, да имате добра работа и Господ да ни помогне во сите наши определби што ги имаме “, рече претседателот на ДУИ, Ахмети.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ