Aкција во затворот во Штип – пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и не дозволени материи

Денеска (28.06.2022) во периодот од 06.00 до 09.00 часот,  полициски службеници од СВР Штип, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со Затворската полиција, спроведе координирана полициска акција на подрачјето на Штип.

Притоа, извршени се претреси во Казнено поправниот дом Штип, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

По добиена судска наредба од Основен суд Штип извршени се претреси во 11 ќелии во различни одделенија во КПД Штип кај 39 осудени лица кои се на издржување казна затвор. При претресите се  пронајдени и одземени: грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, мобилни телефони, поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат, ножеви и повеќе други остри предмети, метални шипки и други тврди предмети.

Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на СВР Штип, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...