АКО ГАСНАТА КРИЗА ПОЧНЕ ОД ГЕРМАНИЈА ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕНА ЦЕЛА ЕУ: Не може да се избегне домино ефектот, лидерите загрижени

Кризата со гас ќе предизвика домино ефект кој од една земја на ЕУ ќе се прошири во цела Европа, изјави министерот за клима и енергија на Холандија, Роб Јетен во интервју за „Политико“.

Во текот на вчерашниот ден конечно во ЕУ беше усвоена легислативата, според која пополнетоста на складиштата за гас треба да биде 80 отсто до 1 ноември 2022 година и до 90 отсто во следните години. Капацитети за складирање на гас постојат во 18 од 27-те земји на ЕУ.

– Одлично е ако некои земји-членки на ЕУ можат да ги наполнат своите складишта за гас до 1 ноември, но ако другите земји не можат да постигнат 80 проценти, особено големите земји, како што е Германија, мора да знаете дека тоа ќе има домино ефект во Европа, изјави холандскиот министер за клима и енергија Роб Јетен во интервју за „Политико“.

Тој додаде дека во случај „сите земји во северозападна Европа да стигнат до третата фаза од планот за вонредни состојби во врска со гасот и да ги испробаат сите други мерки за да го спречат недостигот на гас“, тогаш Холандија ќе може да ја проучува можноста за зголемување на производството на полето Гронинген.

Истовремено, како што нагласи и холандскиот премиер Марк Руте, и Јетен оценува дека ова е последна мерка и дека земјата планира целосно да ја прекине експлоатацијата на таа локација најдоцна во 2024 година поради наводната штета на животната средина.

Претходно, белгискиот премиер Александар де Крој изјави дека е загрижен за ситуацијата во врска со снабдувањето со енергија во Германија и предупреди на „домино ефект“ што може да влијае на целата Европска унија доколку продолжат проблемите со испораката на гас за Германија.

По почетокот на специјалната воена операција во Украина, западните земји воведоа бројни санкции кон Русија.

ЕУ го усвои шестиот пакет санкции, кои, особено, вклучуваат постепено ембарго за увоз на јаглен и нафта од Русија.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...