PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ако има нарушување на дијалогот во владејачката коалиција за спорот со Македонија тоа треба јасно да се каже, порача Радев

May 23, 2022

[ad_1]

Фото: Фејсбук
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Колку повеќе бугарската Влада се придржува до официјалната бугарска позиција изнесена во документите усвоени од Народното собрание и на последниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност, толку повеќе Владата на Кирил Петков го слуша гласот на Бугарите во Бугарија и во Македонија, смета бугарскиот претседател Румен Радев.

Шефот на бугарската држава ова денеска го изјави пред новинарите, откако бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот, го повика да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност на тема Македонија.

Во врска со тоа дали има промени во позициите на европските партнери и дали има напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија, Радев истакна дека за овие прашања треба да чуе од премиерот. Нагласи дека прво ќе го слушне ставот на Петков за Македонија, но не прецизираше дали ќе свика седница на Советот.

-КСНС е орган за помош во дијалогот и за барање на заедничко решение за важни национални прашања. Во однос на Република Северна Македонија не само што има широк консензус, туку тој е силно изразен. Властите треба да се на чисто со ова. Доколку дијалогот во самата владејачка коалиција е нарушен, тоа треба јасно да се каже и да се посочат причините за тоа – рече Радев.

Тој изјави дека ќе продолжи да работи во насока на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во Северна Македонија. Според Радев, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ