PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ако станеме членка на НАТО не сакаме нуклеарно оружје или бази на територијата, рече Марин, премиерката на Финска

May 19, 2022

[ad_1]

Фото: Фејсбук/Сана Марин
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да постави воени бази на својата територија, изјави финската премиерка Сана Марин за денешното издание на Кориере дела сера.

Финска и Шведска побараа и официјално членство во НАТО, појаснувајќи дека за одлуката е заслужен нападот на Русија врз Украина. Но, земјите се соочуваат со потенцијално вето за прием, од страна на Турција.

– Сметам дека сега е важно да се биде смирен. Важно е да имаме дискусии со Турција и останатите членки, да одговориме на прашања, што може да произлезат и да го поправиме секое несогласување – додаде Марин.

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, исто така истакна дека нејзината земја не сака трајни НАТО бази или нуклеарно оружје, на своја територија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ