Актуелен шумски пожар во Беровсклиот регион на површина од 50 ха

На ден 21 јули 2022 наутро забележан е шумски пожар од страна на шумочуварската служба од ПШС Малешево Берово во ШСЕ Губенек –Паруца, м.в. Диовица , меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Пожарот е на голема површина, од околу 50 ха, во високостеблена дабова шума на непристапен планински предел.
Во текот на вчерашниот ден на лице место е излезена екипа од десет гасначи од ПШС Малешево Берово и пет од ПШС од Равна Река Пехчево, со по две специјализирани возила за гаснење на шумски пожари. Во текот на денешниот ден во гаснењето на пожарот се вклучија екипи со специјализирани возила од ПШС Плачковица Виница и ПШС Плачковица Радовиш со по едно специјализирано возило за гаснење на пожари, како и противпожарните екипи од Кочани и Берово, Комуналното претпријатие на општина Берово, како и екипа од ДЗС. Во текот на вчерашниот ден, гаснењето на пожарот било отежнато заради непристапниот терен и засилен северен ветер. Шумскиот пожар сеуште не е ставен под контрола, иако во раните утрински часови е вклучен и еден хеликоптер од АРМ.
Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за нивна мобилизација, при што учествуваат со нивна механизација.
Пожарот е оддалечен од патот Берово-Виница шест километри и засега нема опасност по населените места во Беровскиот регион.
ШУМАТА Е НАЈГОЛЕМИОТ ПОДАРОК ШТО ГО ИМА ЧОВЕШТВОТО (ГАЈ ПЛИНИЈ
СЕКУНДУС)
https://www.facebook.com/JPNacionalnisumi/posts/pfbid02HPSQfHmUETBfkPvM99NAMrLqyuDCZomL3pk8HGisBXo2DRPqJD5FexT2bcgYVxEEl

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...