Албанија го осуди признавањето на независноста на Доњецк и Луганск од страна на Русија

Официјална Тирана  ја осуди одлуката на Русија да ги признаe самопрогласените „Доњецка народна република” и „Луганска народна република” и ја повтори подршката за Украина.

Прв реагираше претседателот Илир Мета, кој, откако ја осуди одлуката на Русија,  во официјална реакција оценува дека овој униталатерален акт претставува “тежок прекршок на меѓународното право, договорот од Минск и го поткопува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.

„Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во подршката за Украина“, напиша Мета.

И министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка,  ја осудува руската одлука и наведува дека тоа е јасно кршење на меѓународното право,  договорот од Минск, како и закана по територијалниот интегритет и независноста на Украина.

И таа, како и Мета посочува дека “Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во поддршката за Украина”.

Министерот за одбрана Нико Пелеши смета дека оваа одлука на Русија е опасно  движење кое носи нејаснотии за мирот, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

– Ќе останеме цврсти во поддршката за нашите украински партнери, а НАТО  Алијансата е пообединета од кога било, стои во објавата на Пелеши.

ТОП ВЕСТИ

Османи: Не е чесно кон Али Ахмети ова што му го прават „огнените“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме на теми поврзани со уставните измени, тензиите...

Меси бара гаранции пред да потпише нов договор

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=kYZHtJOH0ugЛионел Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, но...

Груби во Топ Тема: Ние работиме цело ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени

„Не сум оптимист туку сум убеден планот е амбициозен и има скетпици и разни математики но, знаете дека до сега се што сме кажале...

Груби: Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ во Чаир е позади Али Ахмети

Вчерашниот настан е потврда дека огранокот на ДУИ е позади Али Ахмети, не е позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, рече Артан Груби...

Груби: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде целосно нов

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби говорејќи за изградбата на Коридорот 8  рече дека на...