Албанија не дозволи влез на двајца Иранци со германски пасоши, поради закани за безбедноста

Албанија забрани влез на нејзина територија на маж и жена, кои се идентификувани како Батул Солтани и Афшин Калантари, со германско државјанство, но по потекло од Иран.

-Тие пристигнале пред неколку дена на меѓународниот аеродром во Тирана на покана на регистрираната и легална АСИЛА (Здружение за поддршка на Иранците кои живеат во Албанија а кои дезертирале од МАК) за да учествуваат на церемонијата на нивните пријатели од Германија, јави Ора њуз.

Според истиот извор албанските власти ги депортирале 72 часа по пристигнувањето со образложение дека претставуваат сериоз на закана за безбедноста на земјата а истиот одговор го добиле и германските власти каде се вратени.

Настанот се случил неколку дена по откажувањето на Светскиот самитот што МЕК требаше да го одржи во кампот „Ашраф 3“ во местото Манзе, кај Драч, на околу 30 километри од Тирана, каде се сместени над три илјади муџахедини, а беше одложен поради ризик од терористички акт.

Според Топ чанел, ова не е прв случај Иранци со германски пасоши да бидат депортирани од Албанија.

-Во 2018 година, државната полиција соопшти дека спречила терористички напад во седиштето на бектешката верска заедница, токму на големиот празник Султан Неврус. Иранците со иницијали Ф.З. (65) и С.М. (59), кои поседувале германски патни справи, беа приведени од Државната разузнавачка служба и антитерористичката единица на државната полиција, наведува телевизијата.

Во моментот на апсењето, двајцата Иранци се фотографирале и им рекле на антитерористичките службеници дека се новинари и дека дошле на покана на поглаварот на бектешката заедница.

Година подоцна, тогашниот директор на државната полиција Арди Велиу изјави дека „Терористичката ќелија припаѓа на единицата за надворешни операции на силите КУДС, оперативна единица која е одговорна за планирање и спроведување на терористичка активност надвор од Иран“.

Сите Иранци кои пристигнуваат на граничните премини на Албанија се подложени на повеќекратни проверки за откривање и спречување на влезот на агенти на тајната оперативна единица КУДС.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...