Албанскиот парламент усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница

Албанскиот парламент на денешната седница усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница и почит кон жртвите.

На седницата, која почна со едноминутно молчење, во знак на почит кон жртвите, присуствуваа и претставници на амбасадата на Босна и Херцеговина во Тирана.

Во докуменот се потврдува ставот на Парламентот на Албанија дека „негирањето на геноцидот, извршен врз босанското население во Сребреница од страна на силите на босанските Срби, претставува кршење на меѓународното право и го поттикнува феноменот на неказнивост на воените злосторства.

Преку видеопарка до албанскте пратенци се обрати претседателот на БиХ, Шефик Џаферовиќ, кој меѓу другото рече дека „трагедијата на Сребреница стана планетарен симбол на страдањето и криминалот во модерната ера”.

-Изгласувањето на Резолуцијата е многу важен и суштински чин за целиот Западен Балкан. Република Албанија и Босна и Херцеговина се блиски земји и исклучително пријателски една кон друга. Нашите земји придонесуваат за создавање мирна и демократска средина. Нашите народи, се тесно поврзани со историските, културните и општо човечките настани. Актот во Парламентот на Албанија го гледам како акција кон европска и демократска иднина, го заврши својот говор.

По оваа Резолуција, која ја предложија владејачките социјалисти, нивниот коорднатор најави донесување ваков документ за осуда на геноцидот во Косово.

Пред два месеца демократските пратеници на Сали Бериша, се обидоа да вметнат своја резолуција на дневен ред, но таа беше отфрлена на седница на координаторите на пратеничките групи.

Бериша потоа го обвини премиерот Еди Рама дека „ја игра играта на српскиот претседател Александар Вучиќ” со тоа што не ја ставил неговата резолуција на дневен ред. Денеска пак, тој меѓу другото рече дека Вучиќ треба да заврши во Хаг.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...