Aли Ахмети од Арачиново: Ние сите го поддржуваме Ридван Ибрахими. Заокружи број 3!

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја продолжи предизборната кампања во општина Арачиново, претставувајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина и кандидатот за градоначалник, Ридван Ибрахими.

Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, пратеникот Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник Ридван Ибрахими и други функционери.

Претседателот на ДУИ Ахмети пред присутните истакна дека приоритет на ДУИ е да се унапреди кадарот и истиот да се едуцира.

„Денес сум овде со соработници за да покажан силно пред вас дека Арачиново и вашиот кандидат имаат поддршка од институциите и ДУИ, за спроведување проекти во корист на граѓаните, за да направат работи во корист на идните генерации. Се соочивме со тешки ситуации, но никогаш не го подигнавме белото знаме и ако мислите дека ДУИ ќе го подигне белото знаме, тоа е многу погрешно, бидејќи потеклото на генетскиот код што го имаме не ни го досволува тоа и нашето потекло не е едноставно, бидејќи не сме излегле од телевизорите да станеме политичари. Нашата иднина е НАТО, цел што ја реализиравме, ЕУ што ќе ја реализираме наскоро и денес Зелената агенда, младите што ги имаме и ние сме многу решени да ја реализираме како реалност по поглавјата што веќе ги завршивме“ – кажа во неговиот говор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Пратеникот Арбер Адеми изјави дека победата на Ридван Ибрахими воопшто не е доведена во прашање.

„Кога го отворивме штабот во Арачиново, реков дека се чувствува мирисот на победата, тој мирис на победата се осеќа и вечерва. Неспорна и без никаков сомнеж е победата на Ридван Ибрахими. Тука сме со претседателот Ахмети за да му дадеме силна поддршка на Ридван. Да се ангажираме со кампања за глас повеќе за да се осигураме дека Ридвани ќе биде на чело на Арачиново “, рече пратеникот Арбер Адеми пред присутните.

Првиот вицепремиер Груби пред присутните додаде дека без имплементација на Охридскиот договор немаше да има вработени во државните институции.

„Колку што можам да видам, Зелената агенда највеќе се вкорени во Арачиново. Млади девојки и момчиња на сцената, на врвот на листата едно младо момче, ова можеби беше незамисливо до вчера, но тоа е резултат на жртвувањето во текот на годините. Без имплементација на Охридскиот Договор, немаше да имаме вработени во различни институции од која било друга општина. Најважно за орелот е да се врати во својата земја и дојде време орелот да се врати во Арачиново и кај Али Ахмети“, изјави првиот вицепремиер Груби.

Во меѓувреме, кандидатот за градоначалник Ридван Ибрахими додаде дека тие се на прагот да означат ново поглавје кое нуди решенија за проблемите во општина Арачиново.

„Решив да ја преземам следната одговорност. Општината Арачиново четири години помина низ голем мрак и ние бевме убедени дека резултатите се само доказ за револтот на населението, а не на решавање на проблемите и на овие проблеми е додадено плус. На прагот сме да одбележиме ново поглавје кое ќе понуди нови решенија за нашите проблеми, ја добивме вистинската лекција која не научи дека никогаш не треба да изразуваме револт на наша штета. Оваа штета нас не чинеше четири години. За да ја смениме оваа ситуација, барам на 17 октомври да ни дадете поддршка како ДУИ и мене како кандидат “, изјави Ибрахими.

Демократската унија за интеграција учествува на овие локални избори со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. За време на деновите на кампањата, сите градови, општини и населени места ќе бидат посетени за да ги запознаат кандидатите за градоначалник и општински советници.

ДУИ денеска ќе ја продолжи кампањата во општина Велес каде ќе ја презентира листата за советници и во Чашка каде ќе го претстави Суат Шаќири кандидат за Чашка и листата за советник.

ТОП ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ го назначи Рафис Алити за кординатор на огранокот на ДУИ во Сарај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај,...

Неверојатна сличност: Помладата ќерка на Адријана Лима и Марко Јариќ е копија на нејзиниот татко (ФОТО)

Адријана Лима и Марко Јариќ во седумгодишниот брак добија две ќерки Валентина (13) и Сијена (10). И иако манекенката и поранешната кошаркар се...

Детали од МВР за големата акција: Уапсени двајца арачиновци, спречен транспорт на дрога во вредност од 100.000 евра

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи - Единица за...

Маж влетал со автомобил меѓу пешаци на аеродромот во Келн, има повредени

Педесет и седумгодишен маж со автомобил влетал во пешаци во паркинг гаража на германски аеродром при што повредил неколку лица, соопшти полицијата, пренесува Дојче...

Полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за...