Али Ахмети од Боговиње: Целосно го поддржувам Бесник Емшиу, заокружете број 3

Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, Демократската унија за интеграција ја продолжи предизборната кампања во Општина Боговиње каде ја претстави изборната програма и кандидатот за градоначалник на оваа општина, Бесник Емшиу.

Пред жителите на општина Боговиње, се обратија претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Бесник Емшиу.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети побара поддршка од жителите на Боговиње за кандидатот Бесник Емшиу како и за советничката листа, нагласувајќи дека ДУИ има Изборна платформа која гарантира развој на општината и повеќе инвестиции.

„Овде сме заедно да застанеме покрај Бесник во спроведувањето на програмата и многу сум сигурен дека ќе се вложат уште повеќе. Не можете да бидете земја -членка на ЕУ без инфраструктура, без канализација и без поврзување на сите населени места, и со двојни стандарди. Агендата што сме ја претставиле, сме го размислувале и дискутирале добро, бидејќи нашата агенда гарантира подобар и по квалитетен живот“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Првиот вицепремиер Груби рече дека сите проекти што се реализираат во општина Боговиње носат печат на Али Ахмети и ДУИ.

„Сите оние проекти што ги спомена Бесник кои се реализираат, носат печат на Али Ахмети и гаранција на сите нас во Владата дека ќе се реализираат. Кога сме заедно, работиме и ги реализираме. Нема проект што сме го ветиле и не сме го реализирале. Треба да подготвиме нова програма, и таа ќе зависи од победата во нашите општини бидејќи ќе бидеме посветени да ги реализираме сите проекти од Липково до Струга. Сакам искрено да ве замолам сите да се мобилизирате што е можно повеќе, за да го направите Бесник нов градоначалник во првиот круг, бидејќи општина Боговиње мора да има сериозна личност и да има поддршката на Владата за реализација на пројектите. Кој ќе биде градоначалник на општина, ние сме гарација на успехот и не можеме општината Боговиње да ја оставиме на судбината на авантуристи кои не знаат како да се справат со тоа и бараат помош од Владата“, изјави Артан Груби, вицепремиер на прво.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Боговиње, Бесник Емшиу рече дека ќе се залага за подобрување на бизнис климата и подобар живот за граѓаните.

„Ќе изградиме модерна и развиена општина, транспарентна и одговорна, како и населени места со еднаков развој. Ќе бидеме посветени на подобрување на деловната клима, која обезбедува заштита на инвеститорите, строга имплементација на договорите, олеснување на процедурите за дозволи, регистрација и поволни деловни услови. Ќе продолжиме со витални проекти како што се проекти за канализација за сите населени места во општината, проекти за вода за пиење, зголемување на количината на вода за пиење во сите населени места во општината, подобрување на патната инфраструктура, уредување на речните корита и особено регулирање на корито на реката во Боговиње од мостот до автопатот М-4. Покрај многуте предвидени проекти, ќе бидеме посветени на соработка со соседните општини и реализација на прекуграничните проекти со Република Косово и Албанија“, рече кандидатот на ДУИ за општина Боговиње, Бесник Емшиу.

Инаку, пред централниот митинг во општина Боговиње, делегацијата на Демократската Унија за Интеграција предводена од претседателот Али Ахмети ги посети жителите на селата Жеровјане и Пирок како и деловни субјекти во овој регион.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...