Демократската Унија за Интеграција вечерва одржа предизборен митинг во Општина Чаир каде ги претстави кандидатот за градоначалник Висар Ганиу, листата на советници за Град Скопје предводена од Ардијан Муча и листата за советници во општина Чаир предводена од г -ѓа. Сермине Пурини.
На присутните им се обрати претседателот на ДУИ Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити, Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кандидатот за градоначалник Висар Ганиу, како и носителите на листите за советници во Град Скопје и општина Чаир, Ардијан Муча и Сермине Пурини.
Претседателот на ДУИ во својот говор им се заблагодари на чаирчани за поддршката и можноста што им ја даваат на нејзиниот квалитетен кадар во исполнувањето на мисијата за понатамошен развој и квалитет на живот како императив на времето. Тој, исто така, ја образложи важноста од спроведување на зелената агенда како мисија во целосна согласност со високите европски вредности.
„Зошто треба да се гласа за ДУИ? Токму поради инвестицијата што ја направи во рамките на професионалци. Зошто треба да се гласа за ДУИ? Бидејќи излегува со агенда, со агенда што ја збогатува и ја афирмира европската вредност и ја приближува замјата до Европа“. – потенцираше претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Првиот вицепремиер Артан Груби во својот говор ја истакна големата поддршка на извршната власт на ДУИ и продлабочувањето на соработката со Висар и неговиот тим за реализација на бројните проекти од програмата.
„Знаете дека заедно ние од извршната власт овде, застанавме зад Висар со сите проекти, училишта, сали, патишта, канализација, водовод со кој било проект и се што ветува Висар Ганиу, ние стоиме зад тоа “ – потенцираше Груби во својот говор.
Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во својот говор им се заблагодари на граѓаните и на партиските структури за нивната континуирана поддршка. Тој посочи многу од причините зошто бараат доверба од граѓаните за вториот мандат на Висар Ганиу.
„Бараме подршка и од вас граѓаните, да излезете и да гласајте на 17 октомври и тоа ќе биде најдобрата инвестиција за нашиот кандидат, бидејќи сега имаме кандидат кој ја има поддршка од Град Скопје, Владата и Собранието. На Чаир му е потребна таква поддршка, радикални промени и капитални инвестиции. – рече Меџити во својот говор.
Носителот на листата на советници на ДУИ за Град Скопје, Ардијан Муча побара глас од граѓаните за да продолжат да работат заедно со Висар во служба на квалитетот на животот на граѓаните.
„Сите заедно на 17 октомври да одиме на гласање, да го заокружиме бројот 3, бидејќи гласот за мене е гласот за Висар Ганиу, гласот за Висар Ганиу е глас за мене, гласот за мене и Висар е глас за Али Ахмети. – рече Ардијан Муча.
Кандидатот за градоначалник на Чаир Висар Ганиу честитајќи им на граѓаните за големата поддршка во текот на четиригодишниот мандат што заврши и сметајќи ги новите проекти во духот на зелената агенда, побараа поддршка за продолжување на патот на најголемиот развој на Чаир.
„Вие бевте мојот главен партнер во реализацијата на ветувањата што ги дадовме, вие бевте најголемата сила во надминување на предизвиците со кои може да се сретнеме на патот, вие бевте моја најголема поддршка и критика во исто време, бевте со мене во реализација на секоја идеја за нашата изборна програма, вие бевте инспирација и извор на мојата моќ за секој даден збор и секој камен поставен во Чаир овие четири години. На 17 октомври, заокружете го бројот 3, станете дел од големата победа со нас “. – рече актуелниот градоначалник Висар Ганиу, која е кандидат на ДУИ за градоначалник на општина Чаир.
Носителот на листата кандидати за советници во општина Чаир, Сермине Пурини во својот говор ја истакна важноста од унапредување на положбата на жените во процесите на одлучување и факторизирање на нејзиниот глас што е едно од ветувањата на кандидатот Висар Ганиу за нов мандат.
Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи изборната кампања со митинг во општина Струга каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник и листата на кандидати за општински советници.
Видео материјал