Али Ахмети од Дебар: Зелената агенда ќе ја реализираме со тим и визија, заокружи број 3!

Дебар беше следната општина каде Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја продолжи предизборната кампања, каде го претстави кандидатот за градоначалник Хекуран Дука и листата на кандидати за советници во оваа општина предводена од Фуат Спахиу.

Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби и кандидатот за градоначалник, Хекуран Дука.

Лидерот на ДУИ Ахмети пред присутните во Дебар истакна дека е исклучително благодарен за големата поддршка во Дебар.

„За овие 20 години, јас сум ви благодарен што дадовте безрезервна поддршка затоа што ја направивте вистинската проценка како што знаат да проценуваат дебарчани. Во преден план го ставивте семејството, напредокот на нацијата, образованието, разбирањето, толеранцијата и токму имајќи ги овие приоритети, бевме ценети и поддржани од огромното мнозинство албанци во овие области. Отворивме ново поглавје, Зелената агенда, со добар тим и визија, затоа мора да ја унапредуваме оваа агенда“, кажа лидерот на ДУИ, Ахмети.

Првиот вицепремиер Груби, пред присутните кажа дека ќе продолжат да ги поддржуваат проектите за Дебар бидејќи тие придонесуваат за благосостојбата на луѓето.

„Дебарчанецот го почитува оној што живее во Дебар затоа што го поддржува дебарчанецот, тој што живее со вас знае што навистина ви треба. Ја гледате разликата и навистина говорот на Хекуран беше навистина импресивен, две години толку многу проекти и следните четири години многу проекти што ги слушна од вас и не ги измисли од сопствениот ум, се секојдневни грижи додека нашата задача е да останеме зад Хекуран во реализацијата на тие проекти. Така како што се реализирани сите проекти што Дука ги достави до Владата. Нема проект што тој го претстави пред вас и што ќе произлезе како ваша потреба што нема да го поддржиме затоа што така не има научено Али Ахмети. Ние зборуваме за проекти, зборуваме за реализација на вашите потреби, за гас и железници, канализација и многу други проекти. „Кога вие на 17 Октомври ќе не обврзете со големата победа, ќе не задолжите да поддржиме се што кажа Хекуран во неговата програма “ потенцираше првиот вицепремиер, Груби.

Кандидатот за градоначалник во општина Дебар, Хекуран Дука кажа дека проектите во оваа општина ќе продолжат и во новиот мандат.

„Се среќаваме повторно по половина мандат, иако две години по времетраење, но многу повеќе по содржина, интензитет и продуктивност, две годишно патување каде што предвидовме многу. Успеавме со многу напор и пот да направиме околу 800 илјади евра инвестиции од буџетот на Општина Дебар, главно во инфраструктура, регулација на водата за пиење (прва фаза), реконструкција на центарот на градот, плоштадот Скендербег, модерно игралиште за деца, новиот кружен тек на градот во близина на болницата, санација на улици и улички во населбите на градот со асфалтни слоеви или поплочување, јавно осветлување и поддршка на многу спортски, културни и уметнички активности“ истакна пред присутните Хекуран Дука кандидат на ДУИ за градоначалник на општина Дебар.

ДУИ утре ќе ја продолжи кампањата во општина Сарај каде ќе го претстави кандидатот за градоначалник Блерим Беџети и листата на кандидати за советници предводена од Мухамед Рама.

ТОП ВЕСТИ

Груби-Ван дер Белен: Австрија силно го поддржува процесот на европска интеграција на Северна Македонија

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците  Артан Груби, придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, како и други министри,...

Замрзнати и намалени цените на хигиенските производи

Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките...

Маск и група експерти бараат пауза во развојот на вештачката интелигенција поради „ризици за општеството“

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна лансираниот GPT-4, во отворено...

Ковачевски-Белен: Потврдена одличната соработка со Австрија, Северна Македонија одлучно продолжува на патот кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува...

Лефков и Ковачки го злоупотребуваат пратеничкиот имунитет за навреди и дискредитации

Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците е одамна изгубена во нашето Собрание. Наместо аргументирана дебата, факти, говорницата се користи за меѓусебни навреди и...