Али Ахмети од Долнени: Заедно за подобар живот за граѓаните на Долнени

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) кампањата за локалните избори вечерва ја продолжи во Долнени, каде го претстави кандидатот за градоначалник, г. Урим Ибески и листата на советници.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети пред жителите на Долнени истакна дека изборната платформа на партија се базира на Зелената агенда која гарантира подобар живот за сите граѓани на Долнени.

„Охридскиот мировен договор ги регулираше односите меѓу заедниците, го промени политичкиот и правниот статус на Албанците и другите помали заедници во овие области. Исто така, го смени нивниот статус во државната економија. Многу работа е завршена досега во однос на спроведувањето на Охридскиот Договор, но има уште работа, но неповратнен правец се сите прашања. Сега е Зелената агенда на која бара храброст и посветеност и експерти за да ја материјализираат. И оваа агенда, не може да ја направи, ниту реализира некој што не му е позната, туку може да ја реализира ДУИ, вашето соединување, затоа што има експерти, има функционери, има луѓе со знаење и докажано е дека знае како да ги материјализира големите проекти. На сите наши населби им треба подобра канализација, инфраструктура, пошумување и чиста вода. Се спроведува најголемиот проект за гасификација што и придонесува на оваа агенда. Ова се многу важни проекти како Шар Планина како национален парк, го започнав овој собир со Охридскиот Договор со цел да испратам порака до сите граѓани на Северна Македонија. Нашата земја денес не е како пред 20 години, денес животот е поинаков во оваа земја. Денес сите заедници се многу блиску една до друга. Денес, сите заедници се заинтересирани за иднината на оваа земја. Сите работиме заедно за да имаме повеќе мир и безбедност, сите се обврзуваме и очекуваме земјата да биде членка на ЕУ како што сме сега членка на НАТО, тие се заинтересирани за поразвиена економија, ова е Северна Македонија по Охридскиот договор. Јас сум тука вечерва со вас, за да му се заблагодарам за работата на актуелниот градоначалник Џемил за иџвршената работа во текот на овие четири години. Тука сум со пратеникот на оваа зона, со министеите и функционерите за да му дадеме силна поддршка на идниот градоначалник на Долнени, Урим Ибески. Сакам да ве уверам дека ќе стоиме заедно, дека Урим ќе има силна поддршка од целата извршна власт за да ги реализира проектите и ветувањата што ги дава пред вас, почитувани граѓанин “, рече во својот говор пред присутните претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Кандидатот за општина Долнени, г. Урим Ибески побара поддршка од жителите за да продолжи понатаму со реализација на проектите што се во изборната програма за општина Долнени. Тој рече дека главниот мотив да се кандидира за функцијата на чело на општината се токму младите и Зелената агенда.
„Задоволство ми е да се појавам пред вас како кандидат на ДУИ, овој предизвик е полн со одговорност за подобар живот на жителите овде, за заедно да го продолжиме патот на развој на општината. Економијата и намалувањето на невработеноста и еднаквоста за мене се почетна точка, ние мора да продолжиме со реализацијата на веќе започнатите проекти. Да и дадеме сјај на нашата општина и да ја направиме добра за живеење за сите нас. Знам и верувам дека ќе го видите вистинскиот пат, пред да почнам да раскажувам за нашата кампања, нема да биде само ова напишаното туку и повеќе затоа што имаме поддршка од Владата и ДУИ. Довербата на граѓаните е аманет која не треба да се заборави. Пред почесниот градоначалник Ахмети, давам збор дека ќе го искористам целиот мој потенцијал, дека навистина ќе му служам на народот и ќе ја барам вашата поддршка, драги граѓани “, нагласи во својот говор, кандидатот на ДУИ за општина Долнени , Урим Ибески.

Демократската Унија за Интеграција учествува на овие локални избори со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници.

ДУИ кампањата ќе ја продолжи утре во општините Бутел и Шуто Оризари, каде ќе ги презентира изборните програми за овие општини, односно Листите за советници.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...