Демократската Унија за Интеграција ја продолжи предизборната кампања во Липково каде го презентираше кандидатот за градоначалник на оваа општина Еркан Арифи и листата на советници предводена од др. Зекирија Шаини.
На присутните им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, Првиот вицепремиер Артан Груби и кандидатот за градоначалник на општина Липково, Еркан Арифи.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Еркан Арифи и советничката листа додавајќи дека актуелниот градоначалник Арифи е еден од градоначалниците што реализирал најмногу проекти во општина Липково. Лидерот Ахмети потенцираше дека зелената агенда има решение за проблемите во општините и таа агенда гарантира подобар живот и по развиени општини
„Сега излеговме со зелената агенда, агендата на европско време, модерна, но и која го подобрува начинот на живот. Поглавјето 24 за членство во ЕУ е едно од најсложените, бидејќи животот на луѓето зависи од тоа како ја организираат животната средина. За овие години инвестиравме во кадри и горд сум што овие инвестиции се навистина докажани со нивната работа на сите нивоа “, рече во својот говор претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Првиот вицепремиер Груби во својот говор истакна дека општина Липково е меѓу првите општини со повише проекти.
„Во општина Липково нема избори, тука има само решение и посакуваното решение има само едно име, тој е Еркан Арифи, бидејќи целата Влада и целиот Парламент стојат зад неговата програма. Од почетокот на оваа влада, во општина Липково нема село каде не се работи, нема проект што е поднесен и не се реализира, секое ветување на Еркан ќе го поддржиме до крајот на мандатот. Зборовите што ги кажаа сонародниците се најдобарата проценка бидејќи другите институции не можат да ги водат непрофесионални луѓе. Тој е градоначалник со највеќе реализирани проекти, затоа се бара поддршка за него “, рече Груби.
Еркан Арифи, кандидат на ДУИ за градоначалник на Липково пред граѓаните рече дека во текот на овој мандат напорно работеле и со тој интензитет ќе продолжат и понатаму.
„Не ги разликувавме граѓаните, но во секое време сме се обиделе да им служиме на сите, нема ден да не ги сретнеме граѓаните за да ги слушнеме нивните грижи. Во соработка со Владата реализиравме многу инфраструктурни проекти. Ако работиме заедно, победата нема да недостасува, затоа апелирам до сите вас да излезете масовно на денот на изборите и да го заокружите бројот 3.- истакна кандидатот на ДУИ за општина Липково, Еркан Арифи.
Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи изборната кампања во општина Чаир, каде ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Висар Ганиу и листата на кандидати за советници со носител на листа г-ѓа Сермине Пурини.