Демократската Унија за Интеграција вечерва одржа пред изборен митинг во Тетово каде ја презентираше кандидатката за градоначалник на оваа општина Теута Арифи и советничката листа предводена од Блерим Османи.
На присутните им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Теута Арифи, шефот на локалниот изборен штаб Фатон Ахмети и носителот на советничка листа Блерим Османи.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети истакна дека Теута Арифи и листата на советници ја имаат подршката од ДУИ и дека новота раковоството на општината ке ја спроведе зелената агенада со која општина Тетово ќе продолжи да се развие.
„ Поглавјето што го отвораме бара посветеност, бара истражувачи, бара спремни луѓе, кои ние ги имаме и на централно и на локално ниво. Кој може подобро да ја имплементира и материјализира оваа агенда, кој подобро може да започне со имплементација на оваа платформа на локално ниво, овде во Тетово отколку Теута со искуството и луѓето што ги има во неговиот тим. Поради оваа причина, определбата на граѓаните , односно на повеќето од нив е дека во следните четири години Теута Арифи треба ја води оваа мисија “. – потенцираше Ахмети.
Во својот говор, претседателот на Собранието, Талат Џафери, изрази уверување дека тетовци ќе продолжат да постапуваат правилно, како и во најважните моменти во својот живот, со гласање за број 3 и зелената агенда.
„Гласајќи зелено, со заокружување на бројот 3 на 17 Октомври за да покаже еднаш засекогаш на кого каде му е местото. Албанците го имаат местото рамо до рамо со Али Ахмети, Теута и сите Теути било каде низ Македонија, истакна Џафери во својот говор.
Првиот вицепремиер Артан Груби истакна дека целиот владин кабинет од редовите на ДУИ стои во максимална поддршка на Теута Арифи во продолжувањето на патот на успехот и спроведувањето на новиот иновативен и креативен концепт на зелената агенда за уште повеќе добри работи во Тетово.
„Нема проект донесен од Теута Арифи кој не е реализиран, училишта, патишта, канализација, водовод, градинки, нема што Тетово ќе побара што нема да го реализира оваа влада овде пред вас. Гласањето на 17 Октомври е исто така глас за Блерим и за сите советници, имате одлична листа на советници, млади момци и девојки кои ќе ве претставуваат достоинствено. Браќа и сестри, гласањето на 17 Октомври е шанса за вас, да продолжите со обновата на ДУИ, да им дадете шанса на младите, за да гарантираме дека на младите им е местото во Демократската Унија за Интеграција бидејќи тука е иднината , таа е со Али Ахмети и никој друг. Тетово не е како секој друг град, Тетово не е општина, Тетово е главен град на Албанците, Тетово е авангарда на Албанците и затоа со 3-ката за Теута, со 3-ката за Блерим не обврзувате сите нас во владата и парламентот, но најмногу го обврзувате Али Ахмети да го држи Тетово во сигурните раце на Али Ахмети”, кажа Груби.
Кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи во својот говор ги наведе приоритетите на новиот мандат во духот на новата мисија на зелената агенда. Таа ги покани граѓаните масовно да гласаат на 17 октомври за бројот 3 и Демократската Унија за Интеграција.
„Зелената агенда го подразбира големиот проект на газификација, канализација и проектот на театарот кој се потпиша денес. Ви кажувам уште еднаш и денес стојам пред вас како вашата Теута и ваша градоначалничка дека сум секогаш, таа отворена врата која е врата на една мајка, мајка кај која никогаш не е затворена вратата за нејзините синови и ќерки, и која секогаш го сака најдоброто за членовите на целата нејзина голема заедница наречена град, за да го постигнеме она што го имаме како првична цел, постигнување на подобра благосостојба “. – изјави Теута Арифи.
Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја заврши изборната кампања таму каде што и ја започна, со собирот во градот Гостивар.
Видео материјал: https://youtu.be/2oc-xiHdyvQ