PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Али Ахмети од Желино: Зелената агенда со Фатмир Изаири ќе донесе промена. Заокружете го бројот

Oct 7, 2021

Со денешниот собир во Општина Желино , Демократската Унија за Интеграција ја продолжи изборната кампања преку претставување на кандидатот за градоначалник на оваа општина Фатмир Изаири, листата на кандидати за советници на чело со Шевал Сулејмани и изборната програма за промена и развој во Желино .

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На жителите на Желино им се обратија претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби, кандидатот за градоначалник Фатмир Изаири и носителот на листата кандидати за советници Шевал Сулејмани.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за кандидатурата на Фатмир Изаири, високо ценејќи ја неговата веќе докажана работа во времето кога тој беше на чело на оваа општина, велејќи дека тој е еден од градоначалниците што реализирал најмногу проекти во Желино.

„Со ова советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе бидат од голема помош за Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда е зелената агенда бидејќи ова е живот, затоа што ја обезбедува иднината, обезбедува просперитет“, рече во говорот лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Првиот вицепремиер, Артан Груби нагласи дека дојде време за промени во Желино, нагласувајќи ја максималната поддршка за Фатмир Изаири и тимот советници за да ги реализираат проектите за квалитетен живот во нивната програма.

„Вашиот глас не е само за избор на Фатмир Изаири на чело на Желино , туку и за достоинството на општината, тоа е и за имиџот на општината, како општината се перцепира од сите други општини, од владата и меѓународна заедница. Сите ние стоиме за она што го кажа Фатмир Изаири, почнувајќи од Фатмир Бесими, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Насер Нуредини, јас, пет заменици министри, пет државни секретари, директори, заменици директори, сите сме во поддршка на Фатмир Изаири. ” – изјави Груби.

Кандидатот за градоначалник на Желино, Фатмир Изаири ги презентираше објективите на неговата програма за развој и квалитетен живот во Желино.

„Демократската Унија за Интеграција одлучи да ја спроведе зелената агенда, агенда која е во целосна согласност со сите развиени земји. Таа не е само реченица, туку содржи мноштво добро проучени и добро смислени акции за тоа како да се постигне. Клучниот збор на мојата програма е вода за пиење за секоја куќа, отстранување на фекалните води, асфалтирани патишта, училишта, шеталишта, спортски сали, зеленило итн. Програма до која секој ќе има пристап “. – кажа Изаири во својот говор.

Носителот на листата за советници, Шевал Сулејмани, ги покани жителите на Желино на 17 Октомври да гласаат за ДУИ, нејзиниот кандидат Фатмир Изаири и тимот советници кои ќе бидат гласот на граѓаните и решение за нивниот проблем.

„На овие локални избори, нашата понуда е јасна, конкретна и богата како никогаш досега, бидејќи е подготвена врз основа на зелената агенда, чиј гарант е Демократската Унија за Интеграција, која агенда во суштина содржи ефективна работа, еднаквост, правда, економски развој и социјална благосостојба. Единствено што треба да направите е да одвоите 15 минути време, од местото на живеење до избирачкото место, но ќе добиете 4 години живот, 4 години достоинство, 4 години развој, 4 години социјална заштита. “ – рече Сулејмани.

Демократската Унија за Интеграција утре ќе ја продолжи предизборната кампања со собирот во Дебар за да го претстави својот кандидат за градоначалник во Дебар и листата на кандидати за советници.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ