Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во земјата

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денеска го искористи своето право на глас на Локалните избори 2021 година, во неговото родно место во селото Зајаз во општина Кичево.

Лидерот на ДУИ, Ахмети упати апел до сите граѓани да излезат на гласање, посакувајќи мирен и демократски изборен процес до негово целосно завршување. Според него, ова ќе биде најголемата победа што ќе ја докаже демократската зрелост на земјата.

„Како и обично, првата желба е изборите да поминат според сите стандарди, бидејќи слободните избори се одраз на нивото на демократија во една земја, на остварувањето на демократијата, иако сите ние инвестиравме во високи стандарди за ова ниво да се подигне и се надевам дека граѓаните ќе се определат за најдобрата визија, за најдобрата програма бидејќи и визијата и програмата се во корист на сите граѓани. Се надевам на успешно завршување на процесот, на прифатлив процес за сите страни кои учествуваат во изборниот процес”. – истакна Ахмети во својата изјава за медиумите.

Тој, исто така, ја изрази својата проценка за изборната кампања како достоинствен процес, одржан според сите демократски стандарди, заблагодарувајќи им се на граѓаните во земјата за поддршката и за слушањето на програмската понуда на Демократската Унија за Интеграција во секоја општина.

На овие локални избори, Демократската Унија за Интеграција учествува со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за општински советници.

Видео материјали https://we.tl/t-a4UF5ok4ec

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...