Али Ахмети со ново видео: ВМРО го копира СДСМ со стар филм, но со иста цел (Видео)

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети повторно замавна по двете најголеми македонски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со порака дека и двете се копираат себеси во кампањата против ДУИ со иста стратегија и цел.

Ахмети на својот Фејсбук профил објави видео компилација со силни изјави на Христијан Мицковски и Зоран Заев против Демократската унија за интеграција.

Ахмети пред неколку недели го објави своето прво видео со иста порака, но со различни изјави од политилки експоненти на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Неодамна ВМРО ДПМНЕ започна остра кампања против ДУИ со закани против принципот на коалиционирање на победник со победник, промовирајќи се како одредувачки фактор на албанската политичка волја, слично како и во 2006 година, кога одлучи да не го почитува гласот на Албанците во северна Македонија.

Во продолжение прочитајте го целиот статус на Али Ахмети на Фејсбук:

Порано СДСМ, денес ВМРО ДПМНЕ, иста кампања, ист наратив, иста стратегија со иста цел.

Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии и ја одредуваат одговорноста за водење на државата согласно нивните очекувања.

Ништо ново, видем филм, со старо и некреативно сценарио, со чести реемитувања со различни актери.

Ние, нашата работа за доброто на општеството и граѓаните како и градењето на конструктивни политики и соработка меѓу субјектите за доброто на државата, ќе ја продолжиме и ги каниме сите политички партии да се занимаваат со проекти и програми, а не со луѓе и партии.

Гласот на граѓаните во демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки за институционалната стабилност на државата и мора да го почитуваат сите оние кои имаат за цел да преземат одговорност за да ја водат државата, преку градење одржливи политики, без повторување на грешките од минатото.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...