PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Али Ахмети: Ве замолувам сите да се попишете

Sep 25, 2021

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети заедно со неговото семејство ги пречека денес во неговиот дом попишувачите кои го реализираа процесот на нивното попишување.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Пописот завршува на 30 Септември.

При оваа прилика, претседателот на ДУИ Ахмети уште еднаш упати апел до сите граѓани да се попишат.

Следува објавата на Фејсбук на претседателот на ДУИ Ахмети:

Денес бев домаќим ма попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја.

Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство.

Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат.

Дијаспората треба да се попишува онлајн на следниот линк: https://popis2021.stat.gov.mk/

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ