Амбасадорката Задорижниук: Русија еден ден ќе одговара за воените злосторства против украинскиот народ

Ексклузивно интервју со амбасадорката на Украина, Наталија Задорижниук

РУСИЈА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ УКРАИНСКИОТ НАРОД
-Задоволни од подршката на Северна Македонија.-Светот застана зад Украина преку хуманитарна помош но и воена поддршка.- Ние се бориме веќе еден месец и ќе се бориме со таканаречената втора најсилна армија во светот…и ќе победиме.-Малата етничка заедница на Албанците која брои околу 5000-10000, во Украина живее веќе два века и ги чува своите традиции. И тие во дел од земјата се загрозени како сите други народи што живеат во Украина
Точно пред еден месец, на 24 февруари, рускиот претседател ја нареди т.н. “специјална операција“ за „демилитаризација и денацификација“ на Украина, и надвор од сите очекувања наиде на храбар и жесток одговор од украинските воени сили и народ. По тој повод, индекс.мк разговараше со амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорижниук, која на нашите прашања, поради настанатата ситуација, одговори писмено за што сме и многу благодарни.

Индекс: Ваша екселенцијо, каква ја оценувате моменталната ситуација во Украина, има ли надеж за запирање на инвазијата?

Рускиот фашистички режим изјави дека ќе ја окупира Украина за неколку дена, а Киев за неколку часа. Ние се бориме веќе еден месец и ќе се бориме со таканаречената втора најсилна армија во светот. Ние сме на наша земја и ја браниме нашата држава од окупаторите.
Украина отсекогаш се залагала за преговори, бидејќи нашата земја се уништува, бидејќи нашите луѓе умираат, бидејќи нашите деца ги убиваат. Но, тоа треба да бидат преговори, а не отстапки од едната страна. Нашите барања на преговоритесе крај на војната, целосно повлекување на окупаторските сили од нашата територија и гаранција за безбедноста на Украина.
СВЕТОТ ЗАСТАНА ЗАД УКРАИНА
Индекс: Како ја оценувате поддршката на Република С.Македонија на политички но и на практичен план?
Благодарни сме ѝ на Северна Македонија за јасната поддршка на Украина, како на ниво на Владата, така и на ниво на Парламентот, политичките партии, невладините организации, водечките медиуми и граѓанскотоопштество. Посебно би сакала да му се заблагодарам на вашиот бизнис и финансиски сектор за организирање на хуманитарна помош за Украина. Целото ваше нерамнодушно општество одговори на нашата мака. Се јавуваат обични луѓе, доаѓаат во амбасадата и нудат да ги сместат нашите луѓе кои бегаат од војната. Ние сме многу благодарни. Украинците никогаш не го забораваат доброто.
Индекс: Светот се солидаризира со Украина, најмногу преку прифаќањето на бегалците… Дали сте задоволни од искажаната солидарност на земјите кои прифатиле илјадници бегалци?
Да. Светот покажа солидарност со Украина. Гледаме, особено, како реагира Европската унија. ЕУ им дава право на украинските граѓани да живеат, работат, да добиваат медицинска нега, живеалиште и образование веднаш на рок до една година, без потреба од поминување на долгите процедури за азил. Доколку војната трае подолго или бегалците не можат безбедно да се вратат, овој статус може да се продолжи за уште две години.
Ние, како и граѓаните на Северна Македонија, имаме 90 дена безвизен престојво ЕУ, но оваа промена без преседан на законодавството на ЕУ им гарантира статус на украинските граѓани по овој период.
„Европа стои до оние на кои им е потребна заштита. Сите што бегаат од путинските бомби се добредојдени во Европа. Ќе им обезбедиме заштитана оние кои бараат азил и ќе им помогнеме на оние кои бараат безбеден пат дома“, изјави Претседателот на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен.
Индекс: Очигледно е дека поддршката на западните земји не е она што сте ја очекувале?…Што можеше да понуди ЕУ, САД и НАТО повеќе, а да не дојде до заканите што ги слушнавме од Русија со употреба на нуклеарно оружје? Дали сеуште се надевате дека НАТО и неговите земји директно кe бидат вклучени во овој конфликт?
Не. Тоа не е така. Ние гледаме невидена поддршка од светот. Воведување на исклучително остри санкции, кои само ќе се интензивираат. Обезбедување на Украина со оружје за борба против злосторниците, целосна изолација на земјата агресор, повлекување на водечките компании од Русија. Соработката, како економската, така и хуманитарната со земјата агресор станува токсична. Никаде во светот не сакаат да ги видат – ниту на културни ниту на спортски терени. За злосторствата против човештвото, убиствата на цивили, смртта на невини деца ќе мора да платат. И за да се запрат овие злосторници, притисокот мора да се зголеми и засили. Штовсушност светот и гоправи.
Индекс: Се по извесно е дека компромисот ќе биде еден вид на неутралност на Украина, но што ќе биде со окупираните територии, Крим и сепаратистичките републики? Што практично за вас значи компромисот со кој би биле задоволни двете страни?
Да бидеме искрени. Никој нема да ви каже сега што ќе се случи не само на долг рок, туку и на среден рок. Светот толку брзо се менува. Единствено што може да се каже е дека оваа брутална војна на Руската Федерација, овој терор на рускиот режим и херојскиот отпор на гордиот украински народ веќе радикално ја променија постоечката безбедносна архитектура на светот, воспоставена по Втората светска војна. Правните механизми мора да работат, мора да има сила на правото, а не право на сила. Демократиите во светот мора да се обединат, да развијат нови безбедносни механизми за ефикасна борба против автократските, тирански режими. Такви режими немаат право да постојат во 21 век.
Индекс: Вие како држава многу пати сте кажале дека Русија ќе одговара за воените злосторства. Но мислите дека тоа е возможно?Како?
Ова не само што е можно. Туку ние сме уверени дека тоа ќе се случи. Мора да има највисока цена за злосторствата против човештвото.
Воено злосторство е прекршување на законите или обичаите на војна, убиства и мачења, уништување или присвојување на имот без воена потреба, вршењерегрутирање на окупираните територии, нелегално преместување на цивили, напади на цивилни објекти. Во меѓународното право, воените злосторства стојат веднаш покрај такви злосторства како што се геноцид, агресија, злосторства против човештвото.
Меѓународниот кривичен суд е механизам за Украина да го изведе пред лицето на правдата на меѓународно ниво највисокото политичко и воено раководство на Русија.

Дејствата на руската федерација на територијата на Украина спаѓаат под воени злосторства, вклучително и убивање цивили, употреба на забрането оружје, напади на објекти кои претставуваат значителна закана за животната средина, гранатирање хуманитарни конвои, вршење регрутирање во окупираните територии итн.

АЛБАНЦИТЕ ВО УКРАИНА ГИ ЧУВААТ СВОИТЕ ТРАДИЦИИ
Индекс:  За нас Украина е интересна и по малата албанска  заедница во Приазовје и блиску до Измаил…Каква е состојбата во овие краишта во моментот?
Албанската заедница живее на територијата на Украина од крајот на XVIII век во Одеската област и Приазовје.
Најпознатото албанско село во Украина е Каракурт (албански: Karakurti), кое се наоѓа во близина на Болград, Одескатаобласт. Селото ја одбележа својата 210-та годишнина во 2021 година. Овде се зборува албански јазик и се почитуваат албанските традиции.

Секоја година на 6 мај, Албанците од Украина го слават роденденот на националниот херој на Албанија, Георг Скендербеу (албански: Skënderbeu).

Според пописот од 2001 година, во Каракурт живееле до 3.000 луѓе, од кои 1.725 биле Албанци, односно оние кои се изјасниле како Албанци и зборувале разговорен албански јазик.
Украинците и Албанците отсекогаш се почитувале едни со други, живееле во мир и заедно ги живееле сите неволји на сталинистичко-советскиот систем. Многу украински Албанци станаа жртви на Гладоморот организиран од советските власти. Во 1932-1933 година, околу 500 Албанци загинале во селото Дивнинске во Приазовје, а во 1946-1947 година имало бројни жртви и во Бесарабија, особено многу жртви имало во областа Болград. Како резултат на тоа, и онака малата албанска заедница значително се намали како резултат на овие ужасни акти на геноцид.
Според различни проценки, модерната заедница на украинските Албанци брои од 5.000 до 10.000 луѓе.
Покрај селата во Бесарабија и Приазовје, Албанците исто така живеат и во големи градови како Одеса, Измаил, Кијив, Харкив и други.
Што се однесува до моменталната безбедносна ситуација, ситуацијата е релативно безбедна за Албанците кои живеат во Каракурт. Ситуацијата е исклучително тешка и опасна за Украинците, Грците, Албанците и другите националности кои живеат во Приазовје.
Руските фашисти не само што бомбардираат цивили, деца, ги окупираат нашите градови и села, тие не дозволуваат да се обезбедат хуманитарни „зелени“ коридори за бегалците, насилно евакуираат луѓе на територијата на Русија. Она што русија го прави сега во Украина е уште полошо од тоа што го правеа фашистите за време на Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...

Груби: Не сметам, знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени 

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите шшто доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ дека на власта и недостигаат 10 пратеници за усвојување на уставните измени,...

Ал Пачино на романтична вечера со 54 години помладата партнерка (ФОТО)

Холивудскиот актер Ал Пачино ужива во љубовта со пет децении помладата партнерка. Ал Пачино е снимен за време на романтичен состанок со неговата 54...