PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Америка воведе санкции за наводната девојка на рускиот претседател Владимир Путин

Aug 3, 2022

Алина Маратовна Кабаева, која наводно е во љубовна врска со претседателот на Русија, се најде на црната листа во САД

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Американското Министерство за финансии во вторникот ја санкционираше наводната девојка на рускиот претседател Владимир Путин како дел од серијата мерки насочени кон руската елита во последниот обид на администрацијата на Бајден да го казни Кремљ поради војната во Украина.

Алина Маратовна Кабаева, која наводно е во љубовна врска со претседателот на Русија, е санкционирана „затоа што била или сè уште е функционер, висок функционер или член на одборот на директори на владата на Руската Федерација“. на соопштението на Министерството.

Во соопштението се наведува дека Кабаева има блиски врски со Владимир Путин.

Таа е, исто така, поранешен член на Државната дума и „актуелен директор на Националната медиумска групација, т.е. проруска телевизија, радио станица и печатени медиуми“.

Во април, „Волстрит журнал“ објави дека САД размислуваат за воведување санкции за Кабаева, но постоеше загриженост дека таквиот потег ќе поттикне тензии со оглед на нејзината блискост со Путин. Таа претходно беше на црната листа на ЕУ и Обединетото Кралство.

Покрај Кабаева, на списокот на американските санкции има и бројни олигарси, голема компанија за челик и две нејзини подружници, како и финансиска институција обвинета за водење „операции за затајување санкции“, а генералниот директор на таа институција е и на листа,пренесе Телеграф.рс.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ