Американската армија со молба до граѓаните за помош при откривање нивни изгубен стелт авион Ф-35

Американските вооружени сили апелираа до граѓаните да им помогнат да ги пронајдат остатоците од стелт авион што исчезна вчера.

Пилотот на Ф-35 вчера попладне се катапултира од авионот во државата Јужна Каролина. Тој преживеал, но американската војска не можела да го лоцира авионот.

Тоа ја натера воздухопловната база во Чарлстон, Јужна Каролина да побара помош од жителите на државата.

„Доколку имате какви било информации кои би можеле да им помогнат на нашите спасувачки тимови да го лоцираат Ф-35, ве молиме јавете се во Центарот за борбени операции на базата“, напишаа претставници на воздухопловната база на социјалната мрежа Х.

Официјални лица од воздухопловната база рекоа дека спроведуваат операции за пребарување, во координација со федералните воздухопловни регулатори, околу две езера северно од Чарлстон.

Борбен авион Ф-35, произведен од Локхид Мартин, чини по околу 80 милиони долари. зш/ .

 

Извор: МИА

ТОП ВЕСТИ

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...

„ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“: Ќе наврнат над 40 литри воден талог, Попоски ги предупредува граѓаните, еве каде е најкритично!

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека поројно врнежи од дожд доаѓаат во земјава. Тој истакна дека во текот на денешниот ден на многу места во Македонија...

ВИДЕО: Маж загина набоден од бик на традиционалниот фестивал во Валенсија

Еден човек им подлегнал на повредите откако бил набоден од бик за време на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Жртвата, која не е именувана,...