PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Американската морнарица распоредува четири воени брода источно од Тајван

Aug 2, 2022

Четири американски воени брода, вклучувајќи носач на авиони, се позиционираат источно од Тајван, наводно во рамки на „рутинско распоредување“, додека растат тензиите околу најавената посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на островот, што предизвика остра осуда од Пекинг.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Носачот УСС Роналд Реган го помина Јужното Кинеско Море и во моментов се наоѓа во Филипинското Море, источно од Тајван и јужно од Јапонија, потврди за Ројтерс функционер на американската морнарица.

Носачот на авиони Реган, инаку стациониран во Јапонија, се движи заедно со ракетниот крстосувач УСС Антиетам и разурнувачот УСС Хигинс.

„Иако се во состојба да одговор на каква било ситуација, ова се нормални, рутински распоредувања“, кажа анонимно американскиот функционер, додавајќи дека не може да ги коментира точните локации.

Изворот додал дека амфибискиот јуришен брод УСС Триполи е исто така во таа област.

Се очекува Пелоси, долгогодишна критичарка на Кина, да стигне во Тајпеј подоцна денес, наведуваат аналитичари за Ројтерс, додавајќи дека САД нема да се уплашат од кинеското „тропање со оружје“ околу посетата. Денес е забележана поголема активност на кинески воени авиони и бродови во близина на одметнатиот остров.

Кинеските социјални медиуми вријат од страв од потенцијален конфликт, но и патриотски чувства околу можноста за враќање на Тајван.

Некои регионални воени аналитичари оценуваат дека засиленото распоредување сили во време на тензиите го зголемува ризикот од конфликт, дури и ако ниедна страна не го сака.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ