Американски генерал предупредува: Можна е провокација од Кина додека светот е окупиран со Русија

Кина би можела да ја искористи украинската криза и да направи нешто „провокативно“ во Азија, во моменти кога западните сили се фокусирани на смирување на тензиите со Русија, предупреди денеска генерал Кенет Вилсбах, началник на американските пацифички воздухопловни сили.

Да, апсолутно сме загрижени од гледна точка дали Кина ќе види што се случува во Европа и ќе се обиде да направи нешто овде во Индо-пацификот. Нема да биде изненадувачки ако се обидат со нешто што може да биде провокативно, за да видат како ќе реагира меѓународната заедница, рече Вилсбах, користејќи алтернативен термин за азиско-пацифичкиот регион.

Вилсбах рече дека кога Пекинг изразил поддршка за Русија во конфликтот со Украина, разговарал со својот персонал и другите актери во регионот за можните далекусежни импликации.

Командата на Вилсбах со седиште на Хаваи ќе игра централна улога, доколку избие конфликт на Пацификот.

ТОП ВЕСТИ

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...

Сити спреми нов договор, Халанд најплатен во Премиер лигата

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIЕрлинг Халад во својата прва сезона во дресот на...

Најневеројатен шверц на луѓе, на српските цариници не им се верувало дека е можно

Неверојатна сцена синоќа доживеале цариниците во Градина. Имено тие ја отвориле хаубата на еден автомобил и внатре виделе жена скриена меѓу моторот и ладилникот...

Почнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот ноќеска во два часот ќе покажуваат три часот. Со промената на сметањето на времето почнува летното сметање на времето и ќе...