Аналитичар за руската инвазија: Молдавија треба да се подготви за најлошото


Германија е длабоко поделена, покажало истражувањето на јавното мислење, а пренесува „Дојче веле“, по одлуката за испораката на тешко оружје во Украина.

Мислењата на граѓаните брзо се менуваат во ова време на криза, германската влада ја промени својата политика оваа среда и сè уште сака да испорача тешко оружје во Украина, пишува медиумот.

Според новото истражување и новинарските написи, жителите на таа земја сега се повнимателни: 45% се за испорака на оружје во Украина, а 45% се против таквата одлука.

Како што покажале анализите, најголеми поддржувачи се поддржувачите на либералите, а на второ место (67% за и 25% против испораката на тешко оружје) се гласачите на Зелените.

Објаснувањaтa за оваа поголема претпазливост на Германците се дека претходната анкета беше спроведена на 7 април, веднаш по првата вест за масакрот и злосторствата извршени во окупираната Буча и други места во Украина.

Ужасите на војната сè уште траат, но тие ја сфатија и претпазливоста на канцеларот Олаф Шолц, кој стравува дека одлуката за испорака на оружје може да се протолкува како директно вклучување во конфликтот.

Мислењето на граѓаните за канцеларот е исто така контрадикторно: огромното мнозинство од испитаниците сметаат дека неговата комуникација не е убедлива, наспроти тие кои сметаат дека тој може добро да ја води земјата низ криза.

Во исто време, огромното мнозинство признава дека се однесува претпазливо.

Според истражувањата, самиот канцелар ја плаќа цената за ваквиот исход: доживеа драстичен пад на популарноста од 12% и е само на петтото место на листата на германски политичари, бидејќи само 39% од испитаниците се задоволни од неговата работа. На прво место се политичарите на Зелените: министерот за економија Роберт Хабек и министерката за надворешни работи Аналена Баербок.

Всушност, анкетата покажала како што пренесуваат медиумите, дека многу граѓани се за уште „построг“ однос кон Русија.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...

Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом,...

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите...

Трамп во вторник е на суд во Мајами, објави дека по втор пат е обвинет годинава

Доналд Трамп синоќа објави дека е обвинет по втор пат оваа година – овој пат по федерални обвиненија во случај што се фокусира на...

Продолжува испумпувањето на водата по вчерашното невреме во Делчево

И утрово продолжи испумпувањето на вода од подрумите на луѓето, по поплавите од невремето кое вчера попладне го зафати Делечево. Доцна синоќа помош на...