Енергетскиот консултант Митко Андреевски, екслузивно за „Слободен печат“ изјави дека краток период била намалена количината на руски гас што се испорачува за Бугарија, но дека потоа се вратило истото ниво.
Гасот не е прекинат. Засега Македонија добива гас од Русија преку Бугарија. Но како ќе се одвиваат понатаму работите никој не може да предвиди.
Бугарија има алтернативи, но Македонија нема алтернатива за овој гас што од Русија преку Бугарија доаѓа во Македонија“ – изјави Андреевски.