Јанез Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев

Генералниот секретар на НАТО одржа прес-конференција во Брисел пред самитoт на НАТО и доаѓањето на американскиот претседател, Џо Бајден.

„НАТО и партнерите одговорија на оваа криза со силна поддршка за Украина. НАТО дејствуваше брзо и обединето за да ги заштити, т.е. одбрани сите сојузници. Стотици илјади сојузнички трупи се во состојба на готовност во земјите членки. Во Европа моментно се наоѓаат 100.000 американски војници. Дополнителни одлуки ќе донесеме на утрешниот самит. Очекувам дека лидерите ќе се договорат за зајакнување на позицијата на НАТО во сите домени, со големо зголемување на нашите сили на источното крило на алијансата, на копно, во воздух и на море.

Првиот чекор е да се распоредат четири нови борбени групи на НАТО, во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, заедно со постојните сили во балтичките земји и Полска. Тоа значи дека ќе имаме осум меѓународни борбени групи на западното крило, од Балтикот до Црното Море. Се соочуваме со нова реалност за нашата безбедност, затоа треба да ја ресетираме нашата одбрана и тоа да го правиме на долг рок. Утре, лидерите на НАТО ќе ја повторат нашата поддршка за Украина.

„Украина има право на самоодбрана во рамките на Повелбата на ОН, а ние им помагаме на Украинците да го остварат тоа основно право“, рече Столтенберг.

Тој рече дека очекува утре сојузниците да се договорат за дополнителна поддршка, која вклучува сајбер-безбедност, како и опрема што ќе ѝ помогне на Украина да се заштити од хемиски, биолошки, радиолошки и од нуклеарни закани.

„Инвазијата на претседателот Путин е брутална, а човечкото страдање е страшно и болно за гледање. Решени сме да направиме сѐ што можеме за да ја поддржиме Украина, но имаме одговорност да обезбедиме војната да не ескалира надвор од границите на Украина и да нема конфликт меѓу НАТО и Русија, што би довело до уште поголем број смртни случаи и уништување. Очекувам и дека ќе ја зголемиме нашата поддршка за сите партнери што се изложени на руски притисок, вклучително и Грузија и БиХ. Работејќи заедно со ЕУ, мора да им помогнеме да го одбранат својот суверенитет“, рече Столтенберг.

Тој повтори дека НАТО дава невидена поддршка за Украина. Рече дека членството на Украина во НАТО не е на агендата на самитот, но помошта за Украина е на врвот на агендата.

Солтенберг ја коментира и вчерашната изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје, само доколку се загрози нејзиното постоење.

„Русија мора да престане да ѕвечка со нуклеарното оружје. Тоа е опасно и неодговорно. НАТО е тука да ги заштити и брани сите сојузници, а ние ѝ пренесовме јасна порака на Русија – нуклеарната војна не може да се победи и не може да почне. Ова само ја нагласува важноста да се стави крај на војната во Украина. Мораме да направиме сѐ што можеме за да спречиме војната да ескалира надвор од границите на Украина и да стане посмртоносна и опасна од она на што сме сведоци денес. Секоја употреба на хемиско, биолошко и на нуклеарно оружје радикално ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека никогаш нема да може да победи во нуклеарна војна. Нивното континуирано ѕвечкање со нуклеарно оружје и реторика се спротивни на она што го кажаа во НАТО и другите формати за спречување нуклеарен конфликт“, рече Столтенберг.

Тој ја истакна важноста на утрешниот самит.

„Тоа е вонреден самит во вонредна безбедносна ситуација. Се соочуваме со најголемата безбедносна закана од крајот на Втората светска војна. Убеден сум дека сојузниците ќе се договорат за сите важни прашања“, рече Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...